Гостивар
Успешна прва премиера: Гостиварски театар го направи историскиот чекор
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2019/12/tgv-1.jpg)
Пред полна сала публика, вчеравечер во Гостивар премиерно беше изведена претставата „Натан мудриот“, која е прва на новата Национална установа, Гостиварски театар.
Премиерата беше поздравена со бурен аплауз и честитки за успешниот официјален почеток на театарот. Претставата е во режија на Сулејман Рушити, а улогите ги играат: Висар Вишка, Шеќерие Илјази, Дритон Лазами, Ариан Ејупи, Ајше Усеини, Сенад Абдули, Береда Решит, Елмир Сејфулаи и Вјолца Бафтиу-Зулбехари.
Премиерата ја проследи и министерот за култура Хусни Исмаили. „Овде сме заедно да го прославиме овој свечен историски момент. Театарот е храм на јазикот и културата и ако не го поддржуваме, стануваме странци во сопствената душа. Како Министерство ќе продолжиме да ја даваме нашата поддршка на театарот и убедени сме дека оваа установа ќе оди само напред.“, изјави Исмаили.
Во публиката беше и поранешниот министер за култура, гостиварецот Асаф Адеми во чиј мандат беше востановен театарот. „Навистина сум горд и ова е историски момент за нашиот град, што се овозможи институционализирање на една национална установа. Нашите граѓани заслужуваат да имаа една добра институција преку која ќе им се подобри квалитетот на културниот живот“, истакна Адеми.
Дејствието во „Натан мудриот“ се одвива во Ерусалим, и носи пораки на хуманизам и религиозна толеранција. Претставата оди со превод на македонски јазик на видео бим, а и во делови од неа, актерите покрај на албански, зборуваат и македонски и на турски јазик со цел и јазично да се пренесе атмосферата на мултиетничкото и мултикултурно општество на тогашниот Ерусалим.
Сценографијата е на Арѓент Караи, костимите на Инес Голја, дизајнот на светло на Илија Тарчуговски. Музиката во претставата се изведува во живо, за што се задолжени: Аднан Алиу (кавал) и Драган Матески (тапани).
„Натан мудриот“ репризно ќе биде изведена вечерва (14 декември).
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди