Поврзи се со нас

Гостивар

Успешната приказна на Граѓанскиот Универзитет во Гостивар продолжува – современи услови, искусен кадар, светски признати сертификати…

Објавено

на

Граѓанскиот универзитет за доживотно учење во Гостивар и годинава ја продолжува успешната приказна на едукација, надградување и усовршување на знаењата. Универзитетот ги отвори вратите за упис, а вчера организираше Отворен ден за учениците и возрасните заинтересирани да се запознаат и детално да се информираат за можностите коишто ги нуди установата за формално и неформално образование на деца и возрасни.

Современите услови, професионалноста и стручниот, искусен наставен кадар се адути на ОГУДУ Гостивар, што му даваат предност пред другите.

Универзитетот продолжува со организирање на курсевите по странски јазици: англиски, германски, француски и италијански, македонски – албански – турски за учесници на кои не им е мајчин јазик, како и со спроведување на подготвителните часови по математика.

„Новата учебна година, како и секогаш ја стартуваме подготвени да го пружиме максимумот за нашите слушатели. Ги имаме курсевите за странски јазици, со особено внимание и акцент на   германскиот јазик, со оглед дека станува се` попопуларен и е најизучуван јазик. Спроведуваме четири програми верификувани од Центарот за образование на возрасни и од Министерството за образование: фризер за мажи и жени, поставувач на гипс картон, слаткар и шивач. Да напоменеме дека група фризери коишто ја поминаа успешно програмата кај нас минатата учебна година, се наоѓаат тримесечна обука, по што ќе полагаат испит и ќе се стекнат со верификуван светски признат сертификат. Она што ние го нудиме е настава и обука во современи услови, модерни нагледни средства, електронски табли, искусен наставен кадар, со еден збор – квалитетна настава по европски стандарди. Ги покануваме сите кои се заинтересирани да не посетат“, рече Билјана Дабеска, стручен соработник во Универзитетот, кој е единствена верификувана установа од ваков вид во Гостивар.

Покрај стандардните програми и курсеви, планирано е да бидат воведени и дополнителни: за ракувачи со градежни машини, бравари и заварувачи.

Минатата учебна година, Универзитетот ја заокружи со бројка од над 500 слушатели. Уписите траат до 16-ти септември, по што ќе се започне со формирање на гупите и одржување на наставата.

Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење Гостивар, се наоѓа во просториите на поранешен „пионерски дом“ во градскиот парк.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена