Убава вест во време на ковид пандемија ни доаѓа од светот на автомобилската индустрија, а врзана за млад гостиварец. Странската компанија Електра изработи прототип на автомобил со дизајнерски потпис на триесетгодишниот Михаел Мерклер од Гостивар. Возилото веќе се тестира по улиците, а досегашните направени тестови покажуваат функционалност.
„Можам да кажам дека сега почнувам да го живеам мојот сон и дека вложениот труд и време се исплаќаат. Моментот кога гледате дека она што сте го смислиле и дизајнирале станува реалност е нешто драгоцено, тоа чувство едноставно не може да се опише со обични зборови. Додека траеше создавањето на протитипското возило од компанијата редовно ми испраќаа видеа да можам да следам како тече процесот и навистина возбудата е голема да се види како тоа што си го замислил, било обична идеја, па си го креирал, сега веќе е реално.“, вели дизајнерот.
Михаел објаснува дека се правеле измени од првичниот изглед и намена на возилото, но дека од крајниот резултат е многу задоволен.
„Првичнот план беше да се изработи спортски автомобил, со две седишта, но пред да почнеме со изработка на прототипот дојдовме до идеја суперавтомобилот да го направиме попрактичен со тоа што додадовме уште две седишта во задниот дел и поголем багажен простор. Со самото тоа дојде до промена на планот и платформата. Во игра беа повеќе дизајни, а се одлучивме за дизајнот со златната решетка. Формата е во вид на купола, што стана да речеме како едно обележје на фирмата“, појасни гостиварецот.
Планот е автомобилот да започне да се произведува наесен, но тоа сепак ќе зависи и од текот на глобалната коронакриза.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK
Nagip
21/06/2020 во 10:26
Da