Гостивар
Успеси по биологија на гимназијалци од Гостивар на државен натпревар

Четири ученици од средното општинско училиште, гимназија Гостивар постигнаа значителни резултати на државниот натпревар по Народна техника – Млади истражувачи, што се одржа изминатиот викенд.
Од училиштето ифнромираа дека ученикот Антонио Наумчески го освои првото место во областа екологија, ученичката Теодора Матеска исто така освои прво место од областа микробиологија, ученикот Андреа Михајловски беше првонаграден во областа квалитет и безбедност на храна, додека ученикот Виктор Угриновски го освои второто место во областа биохемија. Успесите ги постигнаа под менторство на професорот по биологија, м-р Ѓоко Атанасовски.
„Посветеноста на работата, стремежот кон професионално усовршување и надоградување на наставникот во комбинација со клучниот елемент- талентот и желбата за знаење на учениците, се комбинација која секогаш вродува со успех. Задоволство и предизвик е да се работи со ученици кои се љубопитни и желни за експериментирање, а воедно и одговорни при извршувањето на обврските затоа што во овој вид на натпревари се бара токму тоа. Секако дека успехот кој го постигнаа ќе бидат мотив и понатаму да учествуваат на натпревари, а верувам дека барем на дел од нив ќе им ја трасира и идната професија.“, рече за Gostivarpress.mk Атанасовски.
Средношколци од гимназијата беа успешни и на меѓународниот натпревар во англиски јазик “Willkommen”. Ива Танческа освои прво место, Анастасија Симуноска второ, а Арта Џабири трето место. Учениците учествуваа под менторство на професорките Блерима Амети и Снежана Китаноска.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Македонијапред 3 месеци
Ноќеска поместете ги стрелките на часовниците – започнува летно сметање на времето