Гостивар
Усвоен буџетот на Општина Гостивар за 2025-та „тежок“ 27 милиони евра

Советот на Општина Гостивар на денешната седница го изгласа буџетот за 2025-та година, кој има вредност од 27 милиони евра и е највисок општински буџет до сега.
„Буџетот опфаќа инфраструктурни проекти, локален економски развој, проекти од социјална и детска заштита, животна средина, споре, култура…Се со цел Гостивар да биде подобро место на живеење“, кажа пред советниците градоначалникот Ваљбон Лимани.
Посебните буџетски ставки ги образложи претставникот од Секторот за финансии и буџет, Јетон Османи.
„Споредено со буџетот за 2024-та година, во буџетот за следната се предвидува зголемување во сите ставки. Во однос на приходите најголем дел се од дотации, околу 61%. Даночните приходи учествуваат со 13,6% , додека неданочните 2,51%. Во капиталните расходи планирани се 215 милиони денари за изградба на локални улици и патишта. За Програмата за култура предвидени се 3,5 милиони денари, за спорт 5 милиони денари и за животна средина 10 милиони.“ рече меѓудругото Османи.
Реакција и прашања стигнаа од советничката Ема Нешковска од СДСМ:
„Ако се спореди буџетот, ќе се види дека најголема разлика има во дотациите, што значи општината не прави многу да собере свои приходи, туку чека средства од државата и институциите. Гледаме дека буџетот предвидува трансфери за невладини организации и не е наведено кои се тие. Би сакала да го прашам градоначалникот дали е предвидено да се доделат пари за Албанската академија на наука и уметност, тоа е сепак буџет кој им припаѓа на сите граѓани“.
Градоначалникот кажа дека моментално до општината не е стигнато барање за финансирање на посочената организација. „Се додека нема ништо конкретно, нема да прејудицирам. Предлозите и барањата на невладините организации и здруженија кои мислиме дека вредат, ќе ги разгледуваме и ќе ги поддржиме“, рече Лимани.
Буџетот беше усвоен со 20 гласа „за“ и го поддржаа сите присутни советници. Претходно, советничката група на ДУИ ја напушти седницата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос