Македонија
Усвоени измени-Каматата не смее да ја надмине сумата на кредитот, рокот за застарување намален на 5 години

Собранието вчера ги усвои измените на Законот за облигациски односи и на Законот за извршување. Една од целите на измените на Законот за облигациски односи е заштита на правата на должникот поради неактивна улога на доверителот и извршителот.
Во досегашниот Закон за облигациските односи беше предвидено сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, да застаруваат за десет години, па и оние за кои законот инаку предвидува пократок рок за застареност. Со измените на Законот, се врши измена на оваа одредба со тоа што рокот за застареност се скратува на пет години од правосилноста на одлуката (соодветно на општиот рок на застареност на побарувањата), зашто има злоупотреби со тоа што намерно се чекаат да изминат девет години и единаесет месеци и се започнува постапка за извршување, со цел да се добие надомест за камата, се наведува во текстот.
„Со новите измени, каматната стапка нема да смее да го надмине долгот, односно таа престанува да тече кога ќе го достигне износот на главниот долг. Тоа, значи дека повеќе нема да има ситуации каде што граѓани за долг од илјада денари враќале и до пет пати поголем износ, а рокот за застарување на долгот го намалуваме од 10 на 5 години. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои и измените на Законот за финансиски друштва каде вкупните трошоци на земен т.н брз кредит не може да бидат поголеми од 60 % од кредитот. На тој начин ја прекинуваме праксата со која за кредит од 10 илјади денари граѓаните досега враќаа и по 70 илјади денари. Со овие законски измени ставаме крај на должничкото ропство кај граѓаните“, соопшти СДСМ.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!