Гостивар
Усвоени упатства за локалните избори во Маврово-Ростуше и Центар Жупа

Државната изборна комисија вчера одржа седница на која беа усвоени упатства во пресрет на локалните избори во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Исто така беше усвоен и годишниот извештај за завршна сметка за 2021 година.
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски и членовите на Комисијата едногласно ги усвоија Предлог-упатство за утврдување на идентитетот на гласачот за изборите на градоначалник во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа за 2022 година и посебно упатство за процедура за остварување на избирачко право на избирачот кој на денот на гласање ги исполнува законските услови да биде запишан во избирачкиот список.
– Како ДИК треба да ги известиме сите заинтересирани дека подготовките и изборните дејствија се одвиваат согласно роковникот на Комисијата. Дел од изборните дејствија се извршени, а наредно дејствие е доставување на членови на избирачките одбори од страна на политичките партии, за што ќе бидат денеска известени, истакна Борис Кондарко член на ДИК.
Локалните избори во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа се презакажани за 17 април 2021 година, поради немање цензус на регуларните избори што се одржаа на 17 октомври минатата година.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022