Поврзи се со нас

Гостивар

Утре „Ден без автомобили“ во Гостивар – улиците во централното подрачје ќе бидат затворени

Објавено

на

Општина Гостивар во соработка со Полициската станица и невладини организации, утре (понеделник) организира “Ден без автомобили”.

Во периодот од 12 до 15 часот улиците во централното градско подрачје ќе бидат затворени за сообраќај. Конкретно се работи за:

– ул. “ЈНА” (Дебарска) од центарот до пресекот со булеварот „Браќа Ѓиноски“

– ул. „Илинденска“ (поранешна Борис Кидрич) од центарот до раскрсницата со булеварот „Гоце Делчев“ (Сити центар), и

– ул. „М.Ч. Филипоски“ од Витамин Ага до раскрсницата со ул. „Борче Јованоски“

Од локалната самоуправа информираат дека настанот се организира на иницијатива на градоначалникот Арбен Таравари, а со цел подигање на свеста на граѓаните за намалување на загадувањето на воздухот.

„Ги молиме граѓаните за разбирање и ги покануваме да станат дел од оваа сензибилизирачка активност со одбегнување на користење на моторни возила без поголема потреба, особено на овој ден, но и воопшто.“, се вели во општинското соопштение.

Сообраќајот, при реалиција на „Ден без автомобили“ ќе го обезбедува Полициската станица – Гостивар.

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 28 минути

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 1 час

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 2 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 3 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 4 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 6 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена