Магазин
Утре е понеделник – Ден за мрзливост и муртење
Понеделникот важи за најтежок и најомразен ден во неделата за повеќето луѓе. Не е ни чудо кога доаѓа после викендот, кога времето сме го поминале во одмор, дружење и опуштање и не сме подготвени да влеземе во машината на секојдневните обврски. Ама, сакале ние или не, утре е понеделник. Работата и училиштето не` чекаат.
Понеделникот многу често бил предмет на анализа и истражувања. Во продолжение, неколку интересни податоци врзани со првиот ден од неделата и со понеделничките навики на луѓето.
-Дури половина од работниците доцнат на своето работно места во понеделник. Некои по неколку минути, но некои и до еден час.
-Во понеделник наутро, луѓето нерадо зборуваат и се намуртени. Повеќето првата насмевка ја имаат дури после 11 часот.
-За работа, понеделниците се најнепродуктивните денови. Се покажало дека од осумчасовно работно време, едвај три часа вистински се посветува на работата.
-Податок поврзан со стресот и нервозата и секако со понеделникот. Токму на тој ден се случуваат најголемиот број на срцеви удари.
– Од понеделничката депресија најпогодени се оние помеѓу 45 и 54 годишна возраст.
-Статистиката покажува дека иако е најдепресивен ден во неделата, во понеделник најретко врне дожд.
За да не се обесхрабрите сосема, на крај нешто позитивно: Диетите за слабеење што се започнуваат во понеделник се најефикасни.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар