Поврзи се со нас

Македонија

Утре и задутре трудниците и постарите да се ослободат од работа

Објавено

на

    Владата на денес на седниоца донесе препораките за намалување на ризиците од високи температури, во времетраење од два дена, 18-19.8.2022 година (четврток и петок).

    На укажување од министерот за здравство, дека според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи во следните два дена, територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури – портокалова фаза, Владата ги донесе следните препораки:

    1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи на население, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

    2. Во установите за згрижување на децата, (градинките) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено од 11:00 до 17:00 часот.

    3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран возраст, да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

    4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

    5. Со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците потребно е соодветно организирање на работното време со избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот.

    Согласно овие препораки, Владата донесе заклучоци: Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препоракит. Се препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците и избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Оваа мерка да биде со времетраење од два дена, до натамошно одлучување.

    Работното време во градинките да се организира во периодот од 7:00 до 17:00 часот, при што да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот.

    Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Ова особено се однесува на градежните работници.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 8 часа

    Се слави Велигден, најголемиот празник за христијаните

    Гостиварпред 9 часа

    Тешко повреден мотоциклист, излетал од патот Гостивар-Кичево

    Гостиварпред 18 часа

    Гостивар: Празникот над празниците дочекан со трепет во срцата, Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

    Македонијапред 23 часа

    Митрополитот Јосиф со честитка до верниците за Христовото Воскресение

    Светпред 1 ден

    Православните и католиците годинава слават Велигден на ист ден

    Светпред 1 ден

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Светпред 1 ден

    Благодатниот оган се спушти во Ерусалим: Светлина на Воскресението и надеж за светот

    Гостиварпред 1 ден

    Маж и жена од Гостивар и битолчанец починаа во синоќешната тешка сообраќајна несреќа

    Македонијапред 1 ден

    Пасхално послание од Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 1 недела

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 1 недела

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Спортпред 4 недели

    Гостиварецот Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 1 недела

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Гостиварпред 4 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Македонијапред 4 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 3 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Популарно изминативе 100 дена