Гостивар
Утре ќе биде објавен ОГЛАСОТ за социјалните станови во Гостивар
Конечно ќе започне процедурата за распределба на социјалните станови во Гостивар. Огласот за доделување ќе биде објавен утре (4 март), а пријавувањето ќе трае до 4 април, најави денес од пред зградата со социјални станови Гостивар, министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски.
За 70 стана во социјалната зграда со два влеза, ќе може да аплицираат станбено необезбедени ранливи категории на граѓани.
„Ги повикувам сите лица од ранливите категории кои имаат потреба да аплицираат на огласот. Според критериумите може да аплицираат: деца над 18 години без родители или родителска грижа односно кои до својата 18 година биле згрижени во институции, корисници на гарантирана минимална помош, граѓани погодени од елементарни – природни непогоди, семејства со лица со попреченост, социјално загрозени припадници на Ромската заедница како и самохрани родители со малолетни деца.“, изјави министерот.
Документите ќе се поднесуваат во Центарот за социјална работа во Гостивар. Само жители на Општина Гостивар кои ги исполнуваат критериумите ќе може да аплицираат на огласот.
„Сакам да ве уверам дека сите апликации ќе бидат земени предвид, а становите ќе се распределуваат во транспарентан постапка според пропишаните критериуми“, рече Бочварски.
На новинарско прашање, која е временската рамка за процесот на распределба и кога избраните граѓани ќе ги добијат клучевите од становите, министерот одговори:
„Можам да го кажам само рокот за аплицирање дека е до 4 април, потоа во зависност од тоа колку апликации ќе имаме, Комисијата ќе има простор и време да ги разгледа, па се прави увид на терен, значи оваа постапката е малку посложена. Сега е моментот да ги повикаме граѓаните, да ги запознаеме сите граѓани со можноста, и што е можно повеќе тие да се информираат и да аплицираат“.
Директорот на ЈП за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за републиката, Кристијан Трајковски информираше дека за објектот со социјални станови во Гостивар биле изводени 79 милиони денари.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија
Вести
Nesër do të jetë e publikuar SHPALLJA për banesat sociale në Gostivar
Më në fund do të fillojë procedura për shpërndarjen e banesave sociale në Gostivar. Shpallja për ndarje do të publikohet nesër (4 mars), ndërsa aplikimi do të zgjasë deri më 4 prill, njoftoi sot para objektit me banesa sociale në Gostivar, ministri i Transportit dhe Lidhjeve, Bllagoja Boçvarski.
Për 70 apartamente në pallatin social me dy hyrje do të mund të aplikojnë kategori të rrezikuara qytetarësh.
“U bëj thirrje të gjithë personave vulnerabël që kanë nevojë të aplikojnë për këtë shpallje. Sipas kritereve mund të aplikojnë: fëmijët mbi 18 vjeç pa prindër apo përkujdesje prindërore, pra që janë përkujdesur në institucione deri në moshën 18 vjeç, përfitues të ndihmës minimale të garantuar, qytetarë të prekur nga fatkeqësitë natyrore, familje me persona me aftësi të kufizuara, të pafavorizuara sociale, anëtarë të komunitetit rom si dhe prindër vetëushqyes me fëmijë të mitur”, tha ministri.
Dokumentet do të dorëzohen në Qendrën për Punë Sociale në Gostivar. Për shpallje do të mund të aplikojnë vetëm banorët e Komunës së Gostivarit që i plotësojnë kriteret.
“Dua t’ju siguroj se të gjitha aplikacionet do të shqyrtohen dhe apartamentet do të shpërndahen në procedurë transparente sipas kritereve të përcaktuara”, tha Boçvarski.
Pyetjes gazetareske se cili është afati kohor për procesin e shpërndarjes dhe kur qytetarët e përzgjedhur do të marrin çelësat e banesave, ministri u përgjigj:
“Mund të them vetëm se afati i aplikimit është deri më 4 prill, pastaj në varësi se sa aplikime do të kemi, Komisioni do të ketë hapësirë dhe kohë për t’i shqyrtuar, kështu që bëhet një inspektim në terren, kështu që kjo procedurë është pak më shumë e komplikuar. Tani është koha që t’u bëjmë thirrje qytetarëve, t’i njoftojmë të gjithë qytetarët me mundësinë dhe sa më shumë të informohen dhe të aplikojnë.”
Drejtori i Ndërmarrjes Publike për Ndërtim dhe Menaxhim me objekte banesore dhe afariste me rëndësi për Republikën, Kristijan Trajkovski informoi se për objektin me banim social në Gostivar janë ndarë 79 milionë denarë.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија