Вести
Утре Мултимедијален настан во Гостивар – поезија, уметност, моден перформанс
Гостивар утре (18 декември) ќе биде домаќин наМултимедијалниот караван, што го организира Центарот за културолошки студии во рамки на проектот Млади Европејци, поддржан од Министерството за култура. Публиката ќе има можност да ужива во несекојдневен настан исполнет со поезија, ликовна уметност и моден перформанс.
„Манифестацијата акцентот го става на мултимедијалноста, со што сакаме да упатиме важна порака: синтагмата„Млади Европејци“ ја разбираме како процес кој е двонасочен: младите Европејциод Македонија, споделувајќи ги европските вредности, во Европа ја носат и сопствената традиција и култура, сфатена како европско богатството. Целта на манифестацијата е да се покаже дека културата во Македонија, со сите разлики и специфичности, била, е и ќе биде дел од европскиот културен простор и тоа е обединувачката точка за младите од Македонија.“, објаснуваат организаторите.
На сцената на Центарот за култура АСНОМ во Гостивар ќе настапат: Нурие Емрулаи, Каљтрина Зејнели, Нита Муча, Доротеј Нешовски, Линда Селмани, Снежана Стојчевска, НевенкаТодоровска, Игор Трпче и Арлинд Фаризи.
Настанот е закажан со почеток во 12 часот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар