Вести
Утре почнува вакцинацијата против грип во Гостивар

Имунизацијата на населението против вирусот на грип во гостиварскиот регион ќе стартува утре (среда, 18 октомври). Од епидемиолошкото одделение во Гостивар информираа дека кај нив пристигнале вакцините и потврдија дека со вакцинирање ќе се започне утре.
За оваа сезона набавени се вкупно 1.200 дози на вакцини. Граѓаните кои ќе одлучат да се вакцинираат, треба да издвојат 400 денари, со оглед на тоа што вакцините како и претходно, ги плаќаат сами.
Лекарите препорачуваат вакцинација за неколку категории ранливи групи граѓани, кај кои вирусот може да предизвика сериозни компликации како што се повозрасни лица, хронично болните и лица со нарушен имунитет.
Вакцината, која е од холандско производтсво, согласно препораките на СЗО штити од два типа вируси од групата A и еден тип вирус од групата Б.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!