Гостивар
Утре во Гостивар и Тетово кампања „Честит празник на љубовта и виното“

Во рамките на заедничката кампања„Честит празник на љубовта и виното“, чии носители се Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност-Скопје, утре (14 февруари) околу 11 часот во централното градско подрачје на Тетово, полициски службеници на Отсекот за превенција ќе делат наменски изработени летоци на македонски и албански јазик и освежувачи за возила. Станува збор за летоци со пораки:„Ако пиеш не вози, ако возиш немој да пиеш!“, „За весели моменти, насмевки и доживувања вози одговорно!“, „За тие што те сакаат и за тие што ги сакаш, почитувај ги сообраќајните правила и прописи“, „Љубовта оправдува многу нешта, но не и загрозување на безбедноста во сообраќајот“. Подоцна, летоци и освежувачи ќе се делат и во Гостивар.
Како што појасни портпаролот на СВР, Марјан Јосифоски, заедничка цел на оваа активност на СВР Тетово-Отсек за превенција е подигнување на сообраќајната свест и култура на возачите, дури и во највеселите-празнични и други мигови да се воздржат од управување на нивните возила под дејство на алкохол и да ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници, возачи и пешаци.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава