Гостивар
Утре во Гостивар традиционален велигденски концерт на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“

Градското аматерско културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар на Велики четврток традиционално ќе одржи велигденски концерт со богата програма на народни ора и песни. Настанот е во организација на националната установа Центар за култура “АСНОМ” со поддршка на Министерството за култура.
„На целовечерниот концерт на ГАКУД „Браќа Ѓиноски” ќе се претстави фолклорната секција со сплетовите „Тресеница”, „Водарки”, „Повардарие”, ќе има оркестарски изведби на македонски народни ора, како и изведби на вокалните солисти Бојан Илиески, Мирослав Крстески и Јовица Николоски.“, информира кореографот Предраг Ристески.
Концертот во големата сала на Центарот за култура почнува во 19 часот, а влезот е слободен.
Ковид пандемијата изминатите две години нанесе голем удар врз опстојувањето на културно-уметничките друштва, но од ГАКУД Браќа Ѓиноски“ не се откажуваа од својата работа и останаа верни на мисијата и традицијата.
Почетоците на гостиварското културно уметничко друштво датираат од 1950 година. Група млади гостиварци се собрале да ги продолжат традициите на претходно постоечко друштво познато под името „Шивачки“. Со тек на времето, се равивало и го зголемувало членството. Друштвото зад себе има бројни концерти и настапи на фестивали во земјава и странство. Најголемиот меѓународен успех го постигнало на фестивал во Турција во 1985 година, каде во конкуренција на над 40 друштва од цел свет гостиварци го освоиле првото место.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022