Поврзи се со нас

Вести

Утре започнуваат квалификациите за ЕВРОБАСКЕТ 2021: Македонија ја пречекува Естонија

Објавено

на

Кошаркарската репрезентација на Македонија утре ги започнува натпреварите од квалификацискиот циклус за Европското првенство во кошарка 2021, кое ќе се одржи во Германија, Италија, Грузија и Чешка.

Првиот натпревар нашата најдобра селекција ќе го одигра против репрезентацијата на Естонија, во СЦ Борис Трајковски утре (четврток), од 20.15 часот. Влезниците се пуштени во продажба по цена од 100,00 денари.

Селекторот Александар Тодоров има комплетна претстава на можностите на оваа селекција, но и потполна подготовка за првиот противник во квалификациите – Естонија.

„Немаме тим кој може да постигне 90 поени, тие имаат, па ќе мора да ги сопреме. Тие се шутерска екипа исто како нас, процентите за три поени ќе бидат од големо влијание. Онаа екипа која сака да победи, ќе победи. Ако ја создадеме таа хемија, ќе успееме. Звучи како шаблон, да играме со срце. Имаме подготвено индивидуални видеа, знаеме кој на која позиција ќе игра, по колку минути ќе игра, кој ќе го понесе товарот. Освен тоа, успеавме да дојдеме до натпревари кои играа лани во Полска. Целиот процес на подготовка ќе биде подготовка на претпоставка, за мене предност е што овој прв натпревар ќе го играме дома а не на гостински терен“- потенцира селекторот Тодоров.

Со јасен став дека мечот на 20. февруари во А1 Арената „Борис Трајковски“ нема да биде и пресуден во конечниот изглед на табелата од групата „Б“ во евро-квалификациите.

„Мечот против Естонија не е клучен. И со една победа не може да се помине на Европско првенство, ни требаат две или три победи“- јасен беше Тодоров.

Селекторот Александар Тодоров ги избра 15.кошаркари на кои ќе смета за натпреварите во февруарскиот прозорец на ФИБА, односно квалификациите за ЕП 2021 година:

Војдан Стојановски (Гравелин-Данкерк-Франција)
Шејн Витингтон (Реал Бетис-Шпанија)
Стојан Ѓуроски (Евре-Франција)
Ненад Димитријевиќ (Хувентуд-Шпанија)
Андреј Јакимовски (РМ Баскет Торино–Италија)
Марко Миловановиќ (Јуви Кремона Баскет–Италија)
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Љубомир Младеновски (Работнички-Скопје)
Виктор Ефремоски (Работнички-Скопје)
Филип Бакоч (Еуро Никел 2005–Кавадарци)
Марко Симоновски

Македонија е во групата Б уште со селекциите на Русија, Италија и првиот противник Естонија.

Естонците се веќе пристигнати во Скопје, и по нивно расположние прилично подготвени за утрешниот дуел. По овој натпревар нашите репрезентативци патуваат за Москва, каде во второто коло, во недела му гостуваат на Русија.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена