Поврзи се со нас

Култура

Утревечер во Гостивар почнува 5-тото издание на театарскиот фестивал „Отело“

Објавено

на

Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ во Гостивар, кој годинава се одржува по петти пат, утревечер ќе биде отворен со изведба на драмата „11 разбеснети“ на Гостиварски театар. Фестивалот ќе трае до 7 октомври, а на сцената на Центарот за култура АСНОМ ќе бидат поставени вкупно шест драмски престави. Освен домашниот Гостиварски театар, на програмата се претстави од Албанскиот театар од Скопје, театрите од Истанбул, Корча и Подујево, како и Битолски театар.

-„Отело“ го создадовме со цел и идеја Гостивар да има свој театар, како национална установа, и тоа се исполни, го имаме Гостиварски театар. Токму затоа, фестивалот ќе го отвориме со изведба на Гостиварски театар. Сметаме дека публиката ќе има можност да види добри претстави, квалитетна актерска игра и ќе ужива во магијата што може единствено театарската уметност да ја донесе.“, рече Берат Салиу, продуцент на „Отело“.

Сите претстави започнуваат во 20 часот и влезот за публиката е бесплатен. Манифестацијата ќе се одржува согласно протоколите за заштита од ковид, што значи задолжително е гледачите да имаат сертификат за вакцинација.

Како и секоја година, манифестацијаа ќе се заокружи со доделување на награди за: најдобра претстава, режисер, актер и актерка.

Покрај Салиу, во екипата што ја реализира манифестацијата се Арѓенд Хасани, директор на фестивалот, Хајдар Хајдари, менаџер и  Бурхан Ахмети, дизајнер. Тие ја истакнаа добрата соработа со директорите на Центарот за култура, Ход Мифтари и на Гостиварски театар, Арбен Адеми. Меѓународниот театарскиот фестивал „Отело“ се реализира со поддршка на Министерството за култура, Општина Гостивар, Центарот за култура и спонзори.

 

 

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 36 минути

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 2 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 3 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 7 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Македонијапред 8 часа

Прилагодена брзина и внимателно возење по влажните коловози

Македонијапред 19 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 20 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Македонијапред 22 часа

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

Вести

Nesër në mbrëmje fillon edicioni i 5-të i festivalit të teatrove “Othello”

Објавено

на

Festivali ndërkombëtar i teatrit “Othello” në Gostivar, i cili këtë vitë mbahet për herë të pestë, nesër në mbrëmje do të jetë i hapur me shfaqjen e dramës “11 të xhindosur” të Teatrit të Gostivarit. Festivali do të zgjasë deri më 7 Tetor, kurse në skenën e Qendrës për kulturë ASNOM do të vendosen gjithësej gjashtë shfaqje dramatike. Përveç Teatrit vendas të Gostivarit, në program janë gjithësej gjashtë shfaqje dramatike nga Teatri shqiptar i Shkupit, teatrove nga Stambolli, Korça dhe Podujeva, si dhe Teatri i Manastirit.

-“Othello”-n e krijuam me qëllim dhe ide që Gostivari të ketë teatrin e tij, si institucion nacional, dhe ajo u realizua, e kemi Teatrin e Gostivarit. Pikërisht për këtë arsye, festivalin do t’a hapim me shfaqjen e Teatrit të Gostivarit. Konsiderojmë se publiku do të ketë mundësi të shoh shfaqje të mira, lojë aktoreske kualitative dhe do të kënaqet me magjinë që mundet të t’a ofrojë vetëm arti teatral.”, tha Berat Saliu, producent i “Othello”-s.

Të gjitha shfaqjet fillojnë në ora 20 dhe hyrja për publikun është e lirë. Manifestimi do të mbahet në përputhje me protokollet për mbrojtje nga kovidi, që domethënë është e detyrueshme shikuesit të kenë çertifikatë të vaksinimit.

Si edhe çdo vit, manifestimi do të mbyllet me ndarjen e çmimeve për: shfaqje më të mirë, regjisor, aktor dhe aktore më të mirë.

Përveç Saliu, në ekipin që e realizojnë manifestimin janë Argjend Hasani, drejtor i festivalit, Hajdar Hajdari, menaxher dhe Burhan Ahmeti, dizajner. Ato e theksuan bashkëpunimin e mirë me drejtorët e Qendrës për kulturë, Hod Miftari dhe të Teatrit të Gostivarit, Arben Ademi. Festivali ndërkombëtar i teatrit “Othello” realizohet me mbështetje të Ministrisë së kulturës, Komunës së Gostivarit, Qendrës për kulturë dhe sponzorë.

Сподели ја веста:

Популарно изминативе 100 дена