Гостивар
Утрово најстудено во Лазарополе, попладне се очекува дожд

Утрово е најстудено во Лазарополе, два степена, а максимални 13 степени се измерени во Демир Капија. Според Управата за хидрометеоролошки работи до 8 часот и 30 минути температурата била 3 степени на Попова Шапка, 4 во Охрид и Берово, 5 во Битола и Куманово, 6 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Струмица и Крушево, 7 во Маврови Анови и Дојран, 8 во Прилеп, Гевгелија, Дебар и Претор, 9 во Скопје-Зајчев Рид и Штип, 10 во Виница и 11 во Тетово.
Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 4 сантиметри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен, а во западните делови повремено силен ветер, над 70 километри на час, од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степенa.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение