Вести
Утрово починал велосипедист кој вчера бил удрен од автомобил во Гостивар
Утрово околу 6 часот на скопските клиники починал седумдесет и тригодишен жител на гостиварско Чајле, кој вчера попладне учествувал во сообраќајна несреќа во Гостивар. Врз неговото тело ќе се врши обдукција, по наредба на Јавен обвинител за да се утврди точната причина за смртта.
Според информациите од МВР несреќата се случила на ул„Гоце Делчев“ и во неа учествувале автомобил „фиат темпра“ што го управувал 66 годишен гостиварец и велосипедистот од Чајле. По несреќата, велосипедистот бил пренесен во гостиварската болница каде му биле констатирани лесни телесни повреди, но поради тоа што не се чувствувал добро бил задржан на понатамошно испитување. По извесно време тој паднал во безсознание и бил префрлен во Скопје, каде утрово им подлегнал на повредите.
Известен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за расветлување на причините и околностите, соопштува полицијата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија