Македонија
Утврден Предлогот на новиот закон за македонски јазик

Владата на денешната седница го усвои Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик чиј предлагач е Министерството за култура. Со Предлог-законот се предлага да се прошират областите во кои задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Ќе се прошири опсегот на задолжително лекторирање на текстовите што се објавуваат, како и документите издадени од институциите. Задолжително лекторирање врши само лектор со лекторска лиценца.
Новина што се воведува со овој предлог е обврската за задолжително вработување лектори во органите на законодавната, на извршната и на судската власт, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во други држави и во меѓународни организации, во органите на единиците на локалната самоуправа, во јавните установи и институции и во медиумите регистрирани во Републиката.
Со предлогот на Законот ќе се даде правна основа за донесување Национална стратегија за македонскиот јазик. Министерството за образование и наука ќе објавува конкурси за стипендирање кадри за изучување на македонскиот јазик.
За вршење инспекциски надзор над примената на Законот се предлага основање на Инспекторат за употреба на македонскиот стандарден јазик, орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице. Инспекторатот ќе биде фокусиран на вршење инспекциски надзор исклучиво од аспект на примената на македонскиот стандарден јазик, со што веруваме дека ќе се зголеми правилната употреба на македонскиот јазик.
Во овој Предлог-закон, имајќи предвид дека станува збор за прекршоци од областа на заштитата на културното наследство (јазикот како духовно, нематеријално културно богатство), се пропишуваат глоби со трикратно повисок износ од максимално утврдените глоби.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение