Гостивар
УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар во чест на 24 Мај: Да си ги чуваме писмото и јазикот!

Во пресрет на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар организираше трибина посветена на светите браќа, јазикот, писменоста, идентитетот.
Настанот се одржа во летниот Амфитеатар покрај Кејот на Вардар, од каде беше испратена порака да се чуваат и негуваат македонскиот јазик и писмо.
„Чест и задоволство ми е како претседателка на УЖ на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Гостивар да ве поздравам и сите заедно да го одбележиме 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј со пригодна трибина. Создавањето на првото словенско писмо и преводот на еванглеските книги, мисионерската дејност, на наша радост ги надмина идеолошките територијални рамки и влезе во светската културна ризница. Кирил и Методиј се ословоположници на словенската писменост и литература, заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Секоја буква, секој збор, значи многу, зашто сите ние се храниме секојдневно со нив, се надградуваме, се изградуваме во духот на македонската култура и традиција. Најсветото нешто и она што најмногу не‘ боли, тоа е јазикот, идентитетот, корените, и секако писмото, и тоа не секое – македонското писмо. Нашата заложба е јасна, ние сме македонски народ кој живее во Република Македонија, говориме на макеоднски јазик и пишуваме со кирилично писмо. Ние ќе бидеме истрајни да си го сочуваме она што ни го дале нашите предци и да го пренесеме на идните генерации.“, рече претседателката на УЖ, Анета Кироска.
Професорката Наташа Котлар од Институтот за национална историја пред присутните направи историски осврт за просветителите, потенцирајќи дека треба да се гордееме со нивното дело.
„Пред еден милениум, безмалку пред 1.200 години создадена е таа македонска, словенска азбука, позната како глаголица. Денес сме тука да се потсетиме на значењето на браќата Кирил и Методиј. Убаво е да се споменуваат овие настани, затоа што најмногу значат за нашата македонска историја, нивното дело треба сите да го знаеме, да го негуваме и да сме горди што го имаме“, нагласи Котлар.
На трибината свои обраќања имаа и Гоце Цветаноски, професор на Институтот за македонски јазик и Весна Јаневска, претседател на комисијата за образование на ВМРО ДПМНЕ.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022