Поврзи се со нас

Гостивар

Вакцинацијата во Гостивар паузира за продолжениот викенд, до сега аплицирани речиси 2.000 вакцини

Објавено

на

Во текот на продолжениот празничен викенд што е пред нас, имунизација против коронавирус во Здравствениот дом во Гостивар нема да има. Со вакцинирање на населението ќе се продолжи од вторник, со динамика која зависи од насоките од Министерството за здравство и количините на вакцини кои се доставуваат. Вакцинацијата на пунктот во Здравствен дом во Гостивар започна на 2 април и до сега се аплицирани скоро 2.000 дози.

„Вакцинацијата се одвива одлично, интересот кај граѓаните расте. Веќе почнавме и со ревакцина, особено кај оние лица кои примија од вакцината на Фајзер. Претходно имавме термини и во сабота, но овојпат за продолжениот викенд нема да се врши вакцинација, а ќе продолжиме од вторник. Возрасната граница за вакцинација се спушта, но сепак акцентот и понатаму е ставен на имунизација на постарите граѓани.“, информира д-р Дафина Богданоска од  Здравствен дом Гостивар.

Во овој пункт до сега се даваа вакцини од Астра Зенека, Фајзер и Синофарм од кој производител се очекува да пристигнат и дополнителни дози.

Во Здравстениот дом во Гостивар за вакцинација се случува да доаѓаат и граѓани кои добиле термини за во Тетово, лекарите појаснуваат дека пунктот и термините мора да се испочитуваат. „Ние сме сепак помал пункт и не сме во можност да вакцинираме повеќе од планираното. Имавме ден кога се работеше од 8 наутро до 20 часот навечер, и беа аплицирани 240 вакцини, тоа е максимумот.“, вели д-р Богданоска.

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена