Поврзи се со нас

Гостивар

Вакцинацијата во Здравствениот дом во Гостивар се спроведува редовно

Објавено

на

Вакцините се една од најуспешните и најекономични здравствени мерки во светот, а имунизацијата е неопходна за да се спречат болести и да се заштити животот. Ваква е пораката од медицинските работници по повод Европската недела на имунизација, која годинава се одбележува од 20 до 26 април.

И во време на пандемија на коронавирус, вакцинацијата според редовниот календар се одвива непречено, велат од службата за вакцинирање на Здравствениот дом во Гостивар. Од лани, за бебињата задолжителни се нови две вакцини, објаснува докторката Адријана Бака.

„Од 1 јули 2019 во редовниот календар се воведени две нови вакцини. Вакцина против рота вирусот се дава во три дози, првата доза на два месеци, втората на четиримесечна возраст на детето и третата доза на шест месеци. И пневмококната вакцина, која исто така се дава на три дози и ги заштитува децата против респираторни инфекции. Се прима на два и четири месеци и ревакцинација на едногодишна возраст. Ја користам приликата, да нагласам дека вакцините штитат против заразни болести и апелираме до родителите редовно да ги носат децата на вакцинација, да ги заштитат децата“, рече д-р Бака.

По епидемијата на морбили во земјава минатата година, кај родителите веќе нема толку голем отпор кон МРП вакцината. Опфатот на деца со оваа вакцина која штити од морбили, рубеола и паротит на гостиварското подрачје сега е задоволителна, оценуваат од службата.

Поради вонредната состојба и согласно препораките да нема групирање на населението, годинава за Неделата на имунизација ќе изостанат вообичаените промотивни настани, кампањи и едукативни предавања. Во службите за вакцинација со цел да се избегне истовремено присуство на голем број лица, се прави распоред и вакцинацијата се спроведува со претходна покана на децата и со закажани термини.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 39 минути

И сонце и врнежи во деновите од новата работна недела

Здравје и убавинапред 13 часа

Што треба да знаете ако чувате чаша со вода ноќе покрај креветот

Македонијапред 18 часа

Можно е ограничување на цените на храната

Светпред 20 часа

ТикТок во Албанија ќе биде блокиран деновиве, најави Рама

Гостиварпред 23 часа

Света литургија во црквата ,,Успение на Пресвета Богородица” во Гостивар: Не осудувајте, не мразете, од срце проштевајте!

Рецептипред 23 часа

Крцкав чипс од тестенини – совршена закуска за секоја прилика

Технологијапред 2 дена

Зошто треба да е вклучен авионскиот режим на електронските уреди додека се лета со авион?

Македонијапред 2 дена

Протестен марш „Стоп за сообраќајното насилство“- Правда за Фросина

Македонијапред 2 дена

Прометот во големите маркети во четврток и петок намален за 22%

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Да се остранат возилата на патот Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново, повика „Македонија пат“

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена