Поврзи се со нас

Гостивар

Вакцини против корона за 1,2 милиони граѓани во земјава, најави Филипче

Објавено

на

Антикорона вакцини во текот на оваа година ќе се обезбедат за 1,2 милиони граѓани во земјава, најави министерот за здравство Венко Филипче додавајќи дека со тој опфат ќе се постигне колективен имунитет. Вакцините ќе се набавуваат преку три механизми.

„Очекуваме 833 илјади вакцини од Ковакс системот. Потоа 800 илјади од директната спогодба со Фајзер, и 800 илјади дози за коишто веќе аплициравме и добивме поддршка од канцеларијата на Европската делегација, дека ќе има и финансиска поддршка, грант од ЕУ. Тоа ќе биде доволно за вакцинација на 1,2 милиони граѓани, или 60% од населението, што според досегашните сознанија ќе биде доволно за стекнување на колективен имунитет.“, изјави министерот.

Последните ковид статистики од претходното деноноќие донесоа процент од 13% позитивни од вкупна бројка на тестирани, односно од 764 тестови, 100 новозаразени. Истовремено 314 лица се евидентирани како оздравени.

Филипче оцени дека актуелната епидемиолошка состојба е стабилна со тренд на намалување на новозаразени и мал број на хоспитализирани пациенти. „Значајно се намалува бројот овие изминати денови на пациенти на кои им е потребна хоспитализација, а и понатаму е оној тренд на одржување на оној исклучително мал број хоспитализирани пациенти во сите болници, не само во Скопје, туку и ширум државата.“, рече министерот.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена