Поврзи се со нас

Гостивар

Вакцини против ковид во земјава на почетокот од 2021-ва: Приоритет за медицинарите, постарите, хронично болните

Објавено

на

Вакцинацијата против ковид во Македонија ќе започне да се спроведува во првите месеци од следната година, најавија здравствените власти. Вакцините ќе бидат бесплатни за граѓаните, а приоритет ќе добијат медицинските лица, граѓаните над 65 години и хронично болните.

„Обезбедивме 833 илјади вакцини за 400 илјади граѓани преку КОВАКС механизмот. Покрај овој механизам, веќе се доставени барања за директни договори за вакцини до две светски компании Астра Зенека и Фајзер. И третиот механизам е механизмот кој го понудија дел од земјите членки на ЕУ. Вакцинацијата ќе се врши во вакциналните пунктови и болниците. Вакцинацијата ќе биде бесплатна за граѓаните.Ќе се спроведе брз процес на тренинг за вакцинирање, согласно спецификите на вакцините од Ковид-19. Добивме потврда од Американска фондација за потребни фрижидери на минус 70 степени и тие ќе стигнат на почетокот на јануари. Тие ќе бидат дел на овој систем на чување и дистрибуција на вакцините во државата. Како приоритет ќе се вакцинираат сите здравствени работници кои работат во ковид центрите или се директно изложени или работат со заболени или суспектни. Понатаму, здравствени работници коишто работат со земањето на брисеви, граѓаните над 65 години, пациентите со хронични болести во делот на хронично белодробни и кардиоваскуларни болести според шифрите на дијагноза преку системот Мој Термин, како и вработените во критичната инфраструктура и транспорт.“, изјави на вчерашната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерот нагласи дека со процесот на вакцинација практично ќе започне последната фаза од пандемијата. „Се наѕира крајот на еден крајно тежок период во светската историја. Го спремаме здравствениот систем и ја дефинираме целосната патека за ефикасен начин на вакцинација. Сепак, епидемијата е сѐ уште во полн ек, а ризикот од зараза и натаму многу висок. Апелирам да се почитуват мерките за заштита.“, рече Филипче.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 дена

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 4 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 4 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Гостиварпред 2 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 20 часа

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 дена

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена