Македонија
Вакцинирани околу 75% наставници, околу 2% ученици следат онлајн-настава

Околу 75 % наставници во училиштата се вакцинирани, а настава на далечина следат околу два процента од учениците, соопшти Министерството за образование и наука.
Со одлука на Владата училиштата одржуваат онлајн-настава за оние ученици за кои родителите ќе побараат од медицински и од немедицински причини.
МОН очекува дека со континуираната имунизација ќе се обезбеди дополнителна сигурност и услови за продолжување на наставата со физичко присуство.
Од понеделник треба да почне и најавениот скрининг на околу 8.200 ученици во основните и средните училишта со цел да се добие податок дали има трансмисија на вирусот во училиштата. Тестирањето за присуство на КОВИД-19 со земање брис ќе биде по случаен избор на учениците од регистарот на Е-дневник и со согласност на нивните родители.
Министерот за здравство Венко Филипче завчера на прес-конференција рече дека е планирано скринингот да трае пет дена и дневно по околу 1600 деца да бидат тестирани во самите училишта од мобилни екипи.
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 3 месеци
Вида Гаврилоска Бубалова, психолог и психотерапевт
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер