Поврзи се со нас

Гостивар

Вандализам во големиот парк во Гостивар, секое утро корпите за отпад срушени на земја

Објавено

на

Несовесни граѓани во последните неколку дена по ред ги демолираат корпите за отпад во големиот градски парк во Гостивар. Одговорните за одржување на паркот апелираат вандализмот да престане, а како превентивна мерка планираат да постават видео надзор.

Работниците од јавното претпријатие за паркинзи и зеленило, велат дека наутро наоѓаат искорнети и расфрлени корпи, иако истите се бетонирани и зацврстени со метален држач, што значи дека се употребува поголема сила за да се турнат долу. Таква била глетката секое утро во претходните неколку дена, во горниот дел од паркот, што е близу до стадионот.

Повеќе корпи за ѓубре биле турнати на земја, а некои и запалени.

„Секое утро вработените наоѓаат демолирани корпи, ги враќаат на место, ги санираат, но потоа истото се повторува. На претпријатието му се нанесуваат големи штети со ваквиот несовесен чин. Апелираме вандализмот да престане. Таа урбана опрема е купена со парите на граѓаните и не смее да се уништува. Пријавивме во полиција и разгледуваме опција да се постават камери, некако да  делуваме да се спречи ваквото дивеење.“, рече Беќим Челебиу, директор на ЈП за паркинг и зеленило.

Наместо да се чува и ужива во просторот што е уреден како место за релаксација, прошетка и одмор на гостиварци, поединци се однесуваат деструктивно. Инаку, со последната акција на претпријатието, во големиот парк беа поставени 42 клупи, и до секоја од нив има корпа за отпад.

Кој и зошто ги уништува јавите добра, тешко е да се утврди. Одговорните за одржување на паркот се надеваат дека совеста ќе проработи и овој проблем ќе стане минато.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

До 15 часот во Општина Гостивар гласале 20.687 гласачи

Технологијапред 3 часа

YouTube слави 19-ти роденден-Знаете ли кое било првото објавено видео?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Мирен изборен ден во Гостивар, попладнево поголема раздвиженост на избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Во Општина Гостивар до 11 часот излезноста е 7,46%

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 22 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена