Поврзи се со нас

Рецепти

Варено вино за совршена атмосфера

Објавено

на

Викендот е совршено време да се опуштите, одморите и уживате со добар филм, книга или слично. Додадете на тоа и некој колач и топол напиток и уживањето ќе биде комплетно.

А има ли нешто подобро од мирисно, вкусно и слатко греано вино, посебно кога деновите се студени, мрачни и магловити?

Најдобро од се’ е тоа што лесно и брзо се подготвува, а не ви е потребно скапо и кваллитетно вино за да уживате во богатството на вкусот.

Придобивките од вареното вино се и тоа што ќе замириса домот на каранфилче и цимет, како и на портокал, го зајакнува вашиот имунитет, па доколку сакате да уживате во овој зимски напиток (немојте да претерувате), еве како да го подготвите.

Состојки:

  • 1L вино
  • 2 портокали
  • јаболко
  • каранфилче
  • цимет
  • анасон
  • бибер во зрно
  • мед или шеќер
  • бренди или коњак, доколку сакате да го засилите вкусот

Подготовка:
Во поголем сад истурете го виното, додадете половина од количината вода, а потоа убаво измијте ги портокалите и јаболкото, исечете ги на резанки, па ставете ги во виното.

Додадете го каранфилчето, две-три зрна бибер (го засилува вкусот), циметот (може и мелен, но подобро е во стапче за да не го прецедувате виното), анасонот и медот или шеќерот. Најдобро е да го пробате виното кога ќе се загрее, бидејќи така најдобро ќе процените дали е доволно слатко.

Варете го на средно силна температура, а пред да зоврие, намалете ја температурата, поклопете го тенџерето и оставете го да се вари уште петнаесеттина минути.

После тоа, виното е подготвено.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 33 минути

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 5 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 6 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 7 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 9 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 9 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 10 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 12 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена