Поврзи се со нас

Вести

Ватикан се извини за сексуалното злоставување малолетници

Објавено

на

Ватикан денеска повтори дека чувствува „срам и каење“ за сексуалната злоупотреба на малолетници од страна на свештеници, по објавувањето на независен извештај во кој се доведуваат во прашање постапките на почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти.

„Изразувајќи го уште еднаш чувството на срам и каење за насилството врз малолетниците извршено од свештениците, Светата столица ја изразува својата блискост со жртвите и ја потврдува насоката што ја презема во заштитата на најмалите со тоа што гарантира безбедна средина“, изјави Матео Бруни, шефот на прес-службата на Светата столица.

– Светата столица смета дека треба да се посвети целото потребно внимание на документот чија содржина сè уште не ја видела. Во наредните денови, по неговото објавување, ќе се запознае со содржината и ќе ги проучи сите детали“, додаде тој.

Во Германија денеска ќе се објави извештај што може да отвори потенцијален скандал за сексуално насилство врз деца во католичката црква, а меѓу оние кои можат да се најдат во центарот на вниманието е поранешниот папа Бенедикт XVI, јавија претходно француските медиуми.

Во извештајот на адвокатската канцеларија Westpfahl Spilker Wastl (WSW) се анализира како биле разгледувани случаите на злоупотреба во Архиепископијата во Минхен и Фрајзинг, меѓу 1945 и 2019 година. Извештајот е нарачан од Минхенската архиепископија, а во него требаше да се испита дали „одговорните ги почитувале законските барања, како и дали дејствувале соодветно во справување со сомнителни случаи и можни извршители“.

Поранешниот папа Бенедикт, чие име е Јозеф Рацингер, беше архиепископ на Минхен од 1977 до 1982 година.

Во тоа време, свештеникот – педофил Питер Хулерман бил обвинет за малтретирање на едно 11-годишно момче. Тој е казнет со преместување во Минхен од Есен, во Западна Германија. И покрај скандалот, тој продолжил да извршува пастирски должности и во 1986 година бил осуден на условна казна за насилство врз неколку деца.

Инспекторите сугерираат дека случаите на насилство се случувале во времето кога Рацингер бил архиепископ на Минхен.

И по осудата, Хулерман продолжил да работи со деца. Неговиот случај е пример за неправилниот став на црквата кон насилниците.

Бенедикт негираше дека знаел за историјата на свештеникот. Според германските медиуми, поранешниот папа дал изјава од 82 страници како одговор на истрагата.

– Почесниот папа „ја зема при срце судбината на жртвите на насилство“ и во целосно се согласува „да се објави извештајот од Минхен“, изјави неговиот портпарол Георг Хансвејн за весникот „Билд“.

Во 2013 година, 94-годишниот Бенедикт стана првиот папа кој поднесе оставка, за првпат по 600 години. Сега тој живее во поранешен манастир на територијата на Ватикан.

Адвокатската канцеларија Westpfahl Spilker Wastl (WSW) во извештај наведе дека папата Бенедикт Шеснаесетти знаел за свештениците кои малтретирале деца додека тој бил надбискуп на Минхен.

– Тој бил информиран за сите факти, изјави адвокатот Мартин Пуш во Минхен, пренесува Си-Ен-Ен.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
ФОТО ВЕСТпред 3 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 3 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Гостиварпред 4 недели

Пријава за измама – Двајца гостиварци купиле ист стан

Видео емисиипред 2 недели

ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог

Видео емисиипред 4 недели

ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“

Македонијапред 3 недели

Министерството за енергетика со информации за сметките за струја – Приговори, цена по блокови, процедури…

Македонијапред 4 недели

Околу 32.000 корисници на МојДДВ чекаат поврат на парите

Светпред 4 недели

Џамијата Балиу во Елбасан прогласена за верски објект со најубава архитектура во светот за 2025 година

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар состанок за училиштата: Носење униформи, отсуства и мобилни телефони дел од темите

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 3 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена