Македонија
Важно инфо за средношколци и студенти кои земаат стипендии

Сите ученици и студенти кои оствариле право на стипендија пред учебната односно академската 2021/2022 година и доставиле анекси кон нивниот договор за изедначување на стипендијата, ќе може да потпишат спогодба со Министерството за образование и наука за ретоактивна исплата на разликата до зголемената стипендија за академската 2021/2022 и за дел од 2022/2023 година.
-Износот на разликата за студентите ќе се надомести преку две исплати, односно еден дел ќе им биде префрлен на трансакциските сметки во октомври 2023 година, а вториот дел во февруари 2024 година. Додека за учениците износот на разликата до зголемените стипендии ќе се исплати во октомври 2023 година, соопшти Министерство за образование и наука.
МОН напомнува дека спогодбите ќе можат да ги потпишат само оние ученици односно студенти кои доставиле анекси на договорите за стипендија до Министерството за образование и наука во предвидениот рок.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение