Вести Гостивар
Вчера пријавени 5 напади од кучиња во Гостивар

Проблемот со нападите од кучиња скитници на гостиварското подрачје зазема загрижувачки размери. Последните податоци од полицијата за ваквите случаи ја потврдуваат алармантноста на ситуацијата и потребата да се преземат дополнителни мерки. Гостиварци не се чувствуваат безбедно низ улиците и парковите.
Секторот за внатрешни работи информираше дека вчера (2 мај) во Полициската станица Гостивар пет лица пријавиле каснување од бездомни кучиња.
Л.З. на возраст од 68 години, С.С. 61 година, П.Ј. 24 години, Е.С. 57 години и Б.А. на возраст од 62 години, сите од Гостивар, пријавиле дека утрото помеѓу 8 и 9 часот во близина на спортската сала во Гостивар, во паркот и на паркингот, биле каснати од кучиња-бездомници.
Локалната самоуправа лани во октомври започна со третман на кучињата скитници, нивно заловување, чипирање, стерилизација и вакцинација. Откако ќе се третираат кучињата се враќаат на улица, а стационарот за згрижување се` уште не профункционира. Граѓаните често сведочат дека во Гостивар завршуваат кучиња скитници од други градови, кои во ноќните часови со камиони се истовараат по гостиварските улици.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 2 дена
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер