Гостивар
Вчера во Гостивар над 70 казни за брзо возење, апел за внимание од одрони и лизгав пат

Вчера (27 ноември) од 11 до 17 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, а во која вкупно биле преземени 170 мерки (Тетово-97 и Гостивар-73).
При контролата биле откриени и санкционирани 97 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-51 и ГВ-46), од кои 2 возачи пречекориле за повеќе од 70 километри на час, 31 возач до 70 километри на час и така натаму, информира полицијата. Во контролата, исто така, санкционирани се и 73 пречекорувања на пропишаната брзина (ТЕ-42 и ГВ-31) во населено место.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и зависно од големината на пречекорувањето, ќе се соочат со предвидените парични глоби, а поединци и со заштитни мерки-времено одземење на возачките дозволи од три месеци до една година.
Во акцијата биле санкционирани и 13 други видови сообраќајни прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, дотолку повеќе што деновиве коловозите на подрачјето се влажни и на поедини места лизгави, магловито е во вечерните и утринските часови, но и да внимаваат на можни одрони од камења и друго, посебно ако се движат кон Стража и по долината на реката Радика. Се апелира, исто така, задолжително да ја поседуваат пропишаната зимска опрема, а што всушност претставува и нивна законска обврска, чија практична примена започна на 15-ти овој месец и ќе трае до 15-ти март идната година.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите