Македонија
Вчерашниот ден со низа шпекулации и неизвесност во Собранието

Откако пратеникот од Беса Кастриот Реџепи објави дека нема да учествува на седницата за гласање доверба на Владата, се појавија шпекулации за негово наводно исчезнување и киднапирање.
Лидерот на Беса Биљал Касами рече дека власта со вакви механизми може да обезбеди и 120 гласа. – Ова веќе е делегитимација затоа што со криминални акти и механизми се обезбедуваат гласови за да не падне оваа криминална власт, изјави Касами.
Касами информираше дека „пријавил оти пратеник на движењето Беса е исчезнат“, како и неговото најблиско семејство – мајка, жена и син и ги повика властите да го најдат каде е и да објаснат зошто 24 часа не е достапен.
Тој претходно рече дека Движењето стои на ставовите за пад на овој режим и оти последните случувања со пратеникот Кастриот Реџепи докажуваат дека оваа власт е спремна на се за да остане на овие позиции.
И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека се отвораат многу шпекулации за непојавувањето на пратеникот на Беса Кастриот Реџепи во Парламентоти и ниту претседателот, ниту премиерот немаат став околу тоа каде се наоѓа тој.
Тој рече дека уште вчера се шпекулирало дека ова ќе се случи и дека ако се потврди дека се тргувало со пратеници „во државава веќе не вреди да се занимава човек со политика“.
Непосредно по објавувањто на шпекулациите, пратеникот Кастриот Реџепи се огласи со видео порака до јавноста преку својот Фејсбук профил. Тој на почетокот се заблагодари за поддршката и вели оти сигурноста и стабилноста на државата, мирот и благосостојбата на народот, треба да биде да биде најважната работа за сите.
– Сакам да ви се заблагодарам за поддршката. Сигурноста и стабилноста на земјава, мирот и бллагосостојбата на нашиот народ, дефинитивно треба да биде најважната работа за сите. Претседателот Биљал Касами и другите не треба да се загрижени за мене. Јас сум на сигурно место, на вистинската страна сум, со Албанците сум, и со сите граѓани на земјава кои сакаат мир, слобода и демократија, вели Реџепи во пораката на Фејсбук.
Тој нагласува дека е со ЕУ и НАТО и не е со антиалбански кругови.
– Ова ви го велам со чиста совест и штом ќе поминат некои опасности од закани од страна на одредени индивидуи, ќе се појавам пред медиумите и се ќе објаснам. Секогаш ќе се залагам за слобода на изразувањето, за слободниот став на носење одлуки, што е доблест на демокраското општество. Господ да ги благослови Албанците, Македонците и сите што живеат во Република Северна Македонија, додава Реџепи во објавата.
Во меѓувреме, координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески изјави дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека ќе расте. За пратеникот Кастриот Реџепи рече дека според информациите со кои располага, притисок врз него вршела опозицијата, а не власта.
За случувањата во Собранието, како што рече Митрески, виновен е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој ја излажал јавноста дека има 61 пратеник.
– Како што кажав и претходно, како што кажав дека првпат се согласувам со една изјава на господинот Христијан Мицкоски ќе повторам уште еднаш дека не само што имаме туку кажувам дека ова парламентарно мнозинство ќе расте. Дозволете случувањата кои што ќе бидат во текот на утрешниот ден да ги добиете од оние кои што треба да ги соопштат, а јас секако како парламентарец и како координатор на пратеничката група во следниот период ќе излезам со сите нив заедно, рече Митрески.
Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми истакна дека пратениците се за една влада, која негува европски и евроатлантски вредности, така што, рече тој, срцето на господинот Реџепи лежи во Вашингтон и Брисел. Прашан дали имале контакт со пратеникот од Беса Кастриот Реџепи, Адеми рече „не“, но не одговори на прашањето „колку пратеници стојат зад владата“.
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, пак, изјави дека во Собранието има два табора – еден про-ЕУ и друг кој не води во изолација, па пратениците, рече, треба да се определат дали се за продолжување на патот на Северна Македонија кон ЕУ и кон стабилност или кон несигурност.
Во врска со обвинувањата на опозицијата дека „некој од власта му се заканувал“ на пратеникот Кастриот Реџепи од Беса, кој преку Фејсбук најави дека решил да не учествува на денешната седница на Собранието на која треба да се гласа по Иницијативата за недоверба на Владата не премиерот Зоран Заев, Груби истакна дека тоа не е вистина.
Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи претходно во изјава пред Собранието рече дека останува на истата позиција, односно дека „оваа Влада треба да оди во опозиција“.
– Дојдовме тука да гласаме за пад на оваа Влада и нашиот став останува дека власта треба да оди во опозиција, рече Реџепи.
На прашањето дали би биле дел од некоја влада предводена од СДСМ, пратеникот на Алтернатива изјави дека тие во моментов се опозиција и оти битката ја водат како опозиција.
– Ако во иднина би имале некоја понуда, тоа ќе биде разгледано во партиските органи. Сега наша цел е да ја урнеме оваа власт до 24 часот, изјави Реџепи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж