Поврзи се со нас

Занимливости

Ве фаќа ли страв кога треба да си легнете во кревет?

Објавено

на

Стравот од легнување во кревет се нарекува клинофобија. Оваа фобија е многу ретка појава, но на тие што патат од неа им се манифестира интензивно. Обично се свесни дека нивниот страв е ирационален, но не можат да ги контролираат психолошките и физиолошките реакции кои се јавуваат во нивниот организам, како одговор на стравот.
Тешко е да се одреди која е причината за појава на клинофобија кај некоја личност. Најчесто тоа е поврзано со некое трауматично искуство, кое асоцира на легнувањето во кревет. На пример дете кое имало проблем со ноќно мокрење, подоцна во животот може да развие клинофобија. Истото важи и за личност, која честопати сонувала кошмари. Оваа фобија може да се појави и кај луѓе кои страдаат од хронична несоница и со самото тоа што помислуваат дека треба да легнат во кревет, а нема да заспијат се вознемируваат до степен да не можат да се контролираат.
Симптомите се: нервоза, вознемиреност, напади на паника, мачнина, вртоглавици, тремор, тахикардија, сушење на устата и други.
Најважното нешто за справување со клинофобија е да се изнајде начин за опуштање. Тоа се прави со најразлични техники, како длабоко дишење, слушање релаксирачка музика, читање инспиративни книги, задолжителни прошетки на отворено во текот на денот и други. Исто така помага доколку си создадете рутина во легнувањето, односно соодветна светлина и хармонични бои во собата кадешто спиете и одење во кревет секоја вечер во истото време.
Инаку, рекордот за непроспиени ноќи е на Ренди Гарднер од САД, кој успеал да остане буден цели 264 часа, но не поради страв од легнување во кревет, туку за научни истражувања. Рекордот е поставен во 1964 година, кога Ренди имал 17 години.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена