Поврзи се со нас

Гостивар

Вечен помен и слава! Осум години од смртта на хероите Горан и Ненад

Објавено

на

На денешен датум (9-ти мај) пред осум години во оружена престрелка во кумановско „Диво Насеље“ загинаа осум припадници на безбедносните сили, меѓу кои Горан Илијевски Мече од Гостивар и Ненад Серафимовски од гостиварско Зубовце. Горан и Ненад учествуваа во полициската акција, првиот како припадник на единиците за брзо распоредување, а вториот како припадник на специјалната единица Тигри.

Илијевски имаше 41 година, а во МВР беше вработен од 2002 година. Неговите сограѓани го паметат по ведриот дух и како еден од главните иницијатори за возобновување на манифестацијата Водици во Гостивар. Серафимоски, познат како голем спортист и професионалец, загина на 28 годишна возраст.

Во чест и слава на загинатите бранители во антитерористичката акција и годинава ќе се организира меморијална велосипедска тура „Почесен круг со велосипеди“ на релација Куманово-Скопје-Тетово-Гостивар.

Вооружената престрелка во Куманово започна рано утрината во 4 и 30 часот и траеше речиси непрекинато 28 часа. Животите ги загубија: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.

Загинатите бранители постхумно беа одликувани со „Медал за храброст“.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена