Поврзи се со нас

Забава

Вечерва Оскари по 90-ти пат – Додека го чекаме доделувањето, читаме занимливости

Објавено

на

Јубилејното 90-то доделување на Оскарите, награди на американската Академија за филмска уметност и наука ќе се одржи вечерва. Годинава филм со најмногу номинации е „The Shape of Water” на Гилермо Дел Торо.

Додека го чекаме прогласувањето на наградите, се забавуваме со интересни факти за Оскарите, кои се помалку познати во јавноста.

Според правилата на договорите што ги потпишуваат добитниците и Академијата, наградените имаат обврска статуетката да ја остават во наследство во семејството или да ја подарат на непрофитна организација. Ако решат да ја продаваат, тогаш мора прво прво да ја понудат на Академијата и тоа за симболична цена од само еден долар. И покрај ова правило и договор, Оскарите се појавуваат на различни пазари и аукции. Така во 1993 година аукциската куќа ја продала статуетката на Вивиен Ли за филмот “Одвеано со виорот” . Ја купил колекционер за 563.500 долари.
Американската филмска академија се труди да ја следи судбината на “Оскарите” со тоа што на секоја статуетка поставува сериски број.
Меѓу купувачите на статуетки познати се: режисерот Стивен Спилберг како и кралот на поп музиката, Мајкл Џексон кој во 1991 си купил “Оскар” за 1,5 милиони долари. По неговата смрт, трагата на статуетката се губи.

Историјата на Оскарите бележи и три случаи на одбивање на наградата. Оскарот не го сакале, сценаристот Дадли Николс и актерите Џорџ Скот и Марлон Брандо за улогата во култниот „Кум“.
За номинациите и победниците одлучуваат членовите на Американската филмска академија. Академијата брои над 5.000 членови од кои најголемиот број се актери.

Меѓу добитниците на оваа посакувана филмската награда има актери од различна возраст. Некои успеале да ги освојат симпатиите на Академијата порано, некои подоцна. Како најмлад добитник на Оскар се запишува актерката Тејтум О`Нил, која денес има 55 години. Но, наградата ја добила на 10 годишна возраст, за одиграниот лик на малата Ади во филмот „Месечина од хартија“ во кој глумела заедно со својот татко, познатиот Рајан О`Нил.
Канаѓанецот Кристофер Пламер, пак го држи рекордот за најстар актер што добил Оскар и тоа на 82 годишна возраст. Пламер бил прогласен за најдобар актер за улогата во филмот „Почетници“.

На Оскарите може да има и нерешен резултат, односно номинираните да освојат по ист број на бодови од Академијата. Така во 1932 година, наградата за најдобар машки актер ја поделиле Фредик Марч и Валас Бери. Документарните филмови во два наврати делеле Оскар и тоа 1950 и во 1987 година. Најпознат ваков случај се смета оној од манифестацијата во 1969, кога Кетрин Хепберн и Барбара Стрејсенд добиле ист број на гласови во категоријата најдобра женска улога.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 7 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 8 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 9 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 11 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 12 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 13 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 14 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена