Вести
Вечерва православните христијани чекаат Стара нова година, утре е Василица
Според Јулијанскиот календар вечерва на полноќ настапува Православната нова година или Стара нова, како што е наречена меѓу народот. Традицијата да се слави овој празник се негува во Македонија, Србија, Русија, Црна Гора, Белорусија, Украина, Ерусалим, а постои и во некои германски кантони во Швајцарија, како и во некои делови на Шкотска.
Утре, православните верници ги празнуваат Обрезание Господово и Свети Василиј Велики или Василици. По тој повод во храмовите се служи света Василиева литургија.
Стара нова година и Василица традиционално со низа обичаи се прославуваат во Гостивар и гостиварско. Најрадосни и највозбудени се децата кои ги негуваат старинските обичаи врзани за Василица. Со дренови гранчиња одат од врата до врата, тропаат и пеат василичарски песни, а домаќините пак ги даруваат. Според обичаите, слично како за Бадник, за Василица семејството се собира на трпеза и се крши погача или пита со паричка. Симболиката на паричката е иста, односно се верува дека оној што ќе му падне ќе има среќна и бериќетна година.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија: НОВОГОДИШНО „НАРАЧАНО“ ИНТЕРВЈУ со Дедо Мраз | Gostivarpress.mk