Гостивар
Вечерва премиера на документарецот за Бигорскиот манастир

Документарниот филм за Светата Бигорска Обител, насловен како „1000 години – Сведок на Светлината“ премиерно ќе биде прикажан вечерва, на националната МТВ, и на официјалниот YouTube профил на Бигорскиот Манастир, со почеток во 20 часот.
Документарецот е авторско дело на режисерот Илија Ико Каров, асистенти на режија се: Бранко Блажевски и Горан Костадинов.
„Овој филм не зборува толку за големината на Бигорскиот Манастир, за неговата грандиозност, иконостас и надворешна убавина, нешто што би било важно само на почеток и за кое, впрочем, досега се има снимено доста материјал, туку напротив: никогаш толку убаво не е претставена питомата (духовната) срцевина на светилиштето, таа што жари а не гори, ниту, пак, емотивната и нежна страна на бигорскиот Старец, Епископ г. Партениј – татковската, за што најемотивно говореа сите интервјуа, особено автобиографското на Старецот. Во овие непосредни интервјуа е претставена неговата вистинска љубов – монашката. Во ретко кое друго дело, текст, слово, интервју, на вака силен начин да е доловена оваа димензија од неговата личност која нè спојува сите негови духовни чеда: татковството, чувствителноста, неизмерната љубов кон нас и неговата нежност.“, се вели во рецензијата на Влатко Деловски, етнолог и културолог.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022