Гостивар
Вечерва во Гостивар стартува The Park Festival 2

Со концерт на Шпат Деда и Туна, вечерва започнува второто издание на музичкиот фестивал Парк во Гостивар. Концертите ќе се одржуваат на локација во гардскиот парк, според протокол за заштита од коронавирус. Фестивалот ќе трае до 6 септември.
Утревечер (4 септември) настапува Емин Џијан со Меџикал Оркестар. Саботната вечер е резервирана за концерт на Нокаут со специјалниот гостин Игор Џамбазов. Фестивалот ќе биде затворен со музичка вечер на ди џеи.
„Ги направивме сите подготовки за безбедно одржување на настаните, според протоколите. Ќе има два влеза, секој што ќе дојде ќе мора да се дезинфицира и носењето на маски е задолжително“, рече Влора Демири, ПР на Парк фестивал.
Освен главните фестивалски настани, предвидена е и програма за најмладата публика, секој ден од 18 до 20 часот.
Парк фестивалот го организира Ин Бокс Ентертејтмент.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче