Гостивар
Величествена прослава на Акатистот кон Пресвета Богородица во Кичево

Во манастирот „Пресвета Богородица-Пречиста“ – Кичево, кој е под закрила на Бигорскиот манастир се одржа третиот великопосен Акатист кон Пресвета Богородица, а настанот со своето присуство го збогатија високопочитуваните митрополити: г. Кирил Имвроски и г. Дамаскин Дидимотиски.
Свеченоста започна со традиционален пречек кој што беше приреден за високо-почитуваните гости, кон кои голема благодарност и почит за нивното присуство, во своето обраќање изрази владиката Партениј.
Тој го истакна значењето на заедништвото во верата и благодарноста кон Пресвета Богородица за нејзината безусловна љубов и заштита.
Митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил, и Митрополитот на Дидимотика, Орестијада и Сулфи, г. Дамаскин, истакнаа дека нивното присуство во манастирот Пречиста е израз на единството меѓу православните христијани.
Тие исто така зборуваа за значењето на жртвата и верноста кон Бога, како и за важноста на благодарноста и молитвата во секојдневниот христијански живот.
Настанот беше исклучителен пример на духовното единство и силата на православната вера, придружен со благодатна радост и заеднички молитви за мир.
Тој ја потврди длабоката почит кон Пресвета Богородица, како извор на надеж и вечна утеха, но и историската и духовна важност на манастирот Пречиста, како место на молитва, подвиг и заедничарење, нагласувајќи ја неговата улога во одржувањето и промовирањето на православните христијански вредности.
Во присуство на голем број верници од сите делови на државава, денеска во 16 часот ќе се одржи мала вечерна, а сеноќното молитвено бдение ќе започне во 20:30 часот, додека Света Архиерејска Литургија ќе биде отслужена одделно од бдението и ќе започне утре, во 9 часот.
Посебна чест ни е тоа што имаме прилика на секоја жена, мајка, девојка, да и подариме картичка со икона од Пресвета Богородица, во спомен на Благовештението на Мајката Божја кој е хростијански празник на жената и мајката, вели сестра Харитина.
фото:Бигорски манастир
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?