Поврзи се со нас

Гостивар

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Објавено

на

По две години, големиот христијански празник Велигден православните верници го празнуваат без пандемиски ограничувања и мерки. Во Гостивар достоинствено и масовно, се дочека веста за Христовото воскресение на прославата во соборниот храм „Пресвета Богородица“ во центарот на градот, а исполнето беше и централното градско подрачје. Според обичаите и традициите, на објавувањето на веста за Христовото воскресение и претходеше трикратниот опход околу црквата со пеење на Воскресение Христе Твое Спасе.

На полноќ се означи Велигден, празникот кога Исус станал од мртвите и ја докажал својата божествена моќ. Граѓаните си честитаа како што налагаат обичаите, со „Христос Воскресна-Навистина Воскресна“ и традиционално се кршеа со велигденските јајца. Одбележувањето на празникот продолжи со утрена и литургија на Свети Јован Златоуст.

Велигден се слави како празник над празниците, победа на животот над смртта.  Црвените велигденски јајца го симболизираат повторно раѓање. Се верува дека тврдата лушпа на јајцето го претставува гробот на Исус, а кршењето на јајцата – воскреснувањето од мртвите. Палењето на свеќите пак е симбол на распространувањето на Исусовата светлина, која никогаш не гасне. По обичај свеќата се носи дома и со неа се пали кандилото.

Богослужбите во црквата продолжуваат и во наредните денови од велигденските празнувања.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена