Поврзи се со нас

Гостивар

Велигденски концерт на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ на Велики Четврток

Објавено

на

Градското аматерско културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар ја продолжува традицијата на одржување на целовечерен концерт по повод големиот христијански празник Велигден, на Велики Четврток (13 април).

Играорната секција ќе се претстави со неколку ора и сплетови, како Водарки и Тресеница, а свој настап ќе имаат и најмалите играорки во друштвото. Како соло пејачи ќе настапат: Мирослав Крстески, Јовица Николоски и Ѓурѓица Николоска. Сите ќе бидат придружувани од народниот оркестар на “Браќа Ѓиноски”, кој исто така ќе се престави и со инструментални ора.

Концертот ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура со почеток во 19 часот, а влезот е слободен.

Настанот е во организација на националната установа Центар за култура “АСНОМ” со поддршка на Министерството за култура.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена