Поврзи се со нас

Гостивар

Велигденски подароци за децата од здружението „Топла рака“ и Општина Гостивар

Објавено

на

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, здружението „Топла рака“ во соработка со Општина Гостивар подготви пригодни подароци за 100 деца, кои беа поделени во дворот на црквата „Пресвета Богородица“ на градскиот плоштад.

„Ова е едно внимание кон децата со православна вероисповед за празникот Велигден. Подароци преку кои сакаме да се покаже духот на Гостивар, дека е град на заедништвото и соживотот, дека нема поделби. Вакви проекти имаме и за Рамазан Бајрам, и задоволство ни е што општината ги поддржува нашите иницијативи кои промовираат позитивни вредности“, рече Мимоза Лумани, претседател на здружението „Топла рака“.

Во дарувањето на децата беа вклучени советничките од општинскиот Совет: Њомза Шаќири, Соња Дамјановска и Јасмина Василеска.

„Општина Гостивар секогаш поддржува и излегува во пресрет на активности и проекти  на здруженија и организации коишто ги истакнуваат толеранцијата и соживотот. Целта е на ваков начин да се потенцира важноста од меѓусебното почитување на овие простори, беа оглед на верската и национална припадност“, рече советничката Шаќири.

Во кесите со подароци децата добија боенки, фломастери, велигденски кошанички, украси и друго.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена