Занимливости
Велика Британија и кралското семејство: Кој е член и што работи кралот

Кралот Чарлс Трети – стана четириесеттиот британски монарх крунисан во Вестминстерската опатија. Тој стана крал веднаш по смртта на неговата мајка, Елизабета Втора, во септември лани.
Што работи кралот?
Кралот во Велика Британија е шеф на државата. Сепак, неговите овластувања се симболични и церемонијални, а тој останува политички неутрален. Секојдневно добива дневни депешеа во црвена кожна кутија, како што се брифинзи пред важни состаноци или документи што мора да ги потпише.
Премиерот обично се среќава со кралот во среда во Бакингемската палата за да го информира за владините активности. Тие средби се целосно приватни и нема официјална евиденција за тоа што е кажано.
Кралот има и голем број парламентарни функции:
„Формирање влада – лидерот на партијата што победува на општите избори обично е поканет во Бакингемската палата, каде кралот формално одобрува формирање влада. Кралот и формално ја распушта владата пред општите избори“
„Државно отворање и Говор на кралот – Кралот ја започнува парламентарната година со церемонијата на државното отворање. Тој ги истакнува плановите на владата во говорот од тронот во Домот на лордовите“
„Кралска согласност – кога предлог-законот е одобрен од парламентот, тој мора да биде формално одобрен од кралот за да стане закон. Последен пат кралска согласност беше одбиена во 1708 година.“
Тој обично го предводи годишниот настан за Потсетување, што се одржува во ноември во Кенотаф, Лондон. Покрај тоа, кралот е домаќин на достоинственици во посета – како што е јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса – и се состанува со странски амбасадори и високи комесари стационирани во Обединетото кралство.
За својата прва државна посета, Чарлс ја посети Германија, каде што стана првиот британски монарх кој се обратил пред германскиот парламент.
Кралот е и шеф на Комонвелтот, асоцијација од 56 независни држави и 2,4 милијарди луѓе. За 14 од овие држави, познати како кралства на Комонвелтот, тој е и шеф на државата.
Камила, сопруга-кралица, му помага на кралот во неговата работа и исто така ги извршува своите јавни должности во име на добротворните организации што ги поддржува.
Кој друг е во кралското семејство?
Принцот Вилијам е најстариот син на кралот Чарлс и неговата прва сопруга, покојната принцеза Дијана. По смртта на кралицата, тој стана принц од Велс и војвода од Корнвол, а ја задржа и својата претходна титула војвода од Кембриџ. Оженет е со Кетрин, принцезата од Велс и војвотката од Корнвол и Кембриџ. Тие имаат три деца: принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.
Кралската принцеза (принцезата Ана) е второто дете и единствената ќерка на кралицата. Таа е во брак со вицеадмиралот Тимоти Лоренс. Таа има две деца со нејзиниот прв сопруг, капетанот Марк Филипс: Питер Филипс и Зара Тиндал.
Војводата од Единбург (принцот Едвард) е најмалото дете на кралицата. Оженет е со војвотката од Единбург (Софи-Рајс Џонс). Тие имаат две деца: Лејди Луиз Виндзор и Ерл од Весекс.
Принцот Хари е помладиот брат на Вилијам. Оженет е со Меган Маркл. Тие имаат две деца: принцот Арчи и принцезата Лилибет. Тие пред 3 години објавија дека се повлекуваат како високи членови на кралското семејство и се преселиja во Калифорнија.
Како функционира наследувањето?
Линијата на наследување го одредува членот на кралското семејство кој ќе ја преземе функцијата монарх кога актуелниот ќе умре или абдицира.
Првиот во редот за престолот – престоло наследникот – е најстарото дете на монархот.
Како првородено дете на кралицата Елизабета, Чарлс станал крал веднаш по смртта на неговата мајка, а неговата сопруга Камила станува сопруга-кралица.
Правилата за кралско наследство беа променети во 2013 година за да се осигура дека синовите повеќе нема да имаат предност во однос на постарите сестри.
Наследникот на кралот Чарлс е неговиот најстар син, принцот од Велс.
Најстарото дете на принцот Вилијам, принцот Џорџ, е втор по ред за тронот, а неговата најстара ќерка, принцезата Шарлот е трета. Принцот Луис е четврти, а принцот Хари е петти.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение