Гостивар
Велики Четврток, пред изгрејсонце вапсање на првите велигденски јајца

Православните христијани денес го одбележуваат Велики Четврток. Според обичаите, пред изгрејсонце домаќинките ги вапсуваат првите црвени велигденски јајца. Се верува дека првото велигденско јајце има голема моќ и тоа треба да се чува до следниот Велигден, обично покрај икона.
Црвената боја на велигденските јајца ја симболизира христовата крв, но и божјата сила и моќ. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта.
Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение. Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На што се отпоздравувало: Вистина Воскресе!
На Велики Четврток е востановена животоносната тајна на Црквата – тајната на Евхаристијата, Причеста. Таа тајна е востановена во горната соба од една ерусалимска куќа, кога Христос зел леб, го прекршил и им подал на апостолите. Потоа, зел и им подал и чаша со вино, со што ја најавил својата смрт. Централниот дел на оваа тајна е причестувањето со Христовото тело и крвта.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо