Поврзи се со нас

Гостивар

Велјаноски: СДСМ покажува вистинска грижа за пензионерите, од септември историско највисоко зголемување на пензиите

Објавено

на

Новиот претседател на Општинската организација на СДСМ во Гостивар, Игор Велјаноски преку средба со пензионерите и прес конференција информираше за измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои се однесуваат на зголемување на пензиите.

„Владата предводена од СДСМ и коалицијата во континуитет презема дела и активности со кои покажува вистинска грижа за сите граѓани во нашата држава. Со последните усвоени законски измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, обезбедуваме одржлив и континуиран раст на пензиите и покажуваме вистинска грижа за пензионерите. Тоа значи дека покрај постојаниот раст на пензиите во изминатите четири години, годинава следува нивно историско највисоко зголемување. Со новиот Закон кој се усвои во Собраните на РСМ, пензиите ќе се усогласуваат како збир од 50% од порастот на трошоците на животи 50% од порастот на просечната плата во државата, согласно податоците од Државниот завод за статистика. Новата методологија ќе започне да се применува од септември оваа година, а усогласувањето ќе се прави како и досега, два пати во годината, во месеците март и септември. Од овој септември, околу 330.000 пензионери ќе добијат историско највисоко зголемување на пензиите, кои во просек ќе растат по околу 900 денари.“, истакна Велјаноски.

На прес конференцијата, тој се осврна и на антикризните мерки што ги опфаќаат пензионерите.

„Дополнително, како дел од антикризните мерки, за месеците април, мај и јуни секој пензионер ќе добива дополнителни 1000 денари со цел да се заштити економскиот стандард во време на криза. Оттука, со покачувањето на пензиите и помошта од 3000 денари, секој пензионер ќе добие по 12.000 денари повеќе на својата сметка. Ова решение со кое се овозможува одржлив и постојан раст на пензиите е усвоено низ инклузивен дијалог меѓу Владата предводена од СДСМ и сите засегнати страни. Поставуваме правила и стандарди кои овозможуваат растот на пензиите веќе никогаш да не зависи од волјата на политичките партии кои што се на власт, како што тоа беше пред неколку години. И во време на глобална економска криза, СДСМ преку конкретни и ефикасни економски мерки, продолжува да се грижи за сите категории граѓани, да го заштити нивниот стандард и да спречи нови ценовни шокови.“, рече претседателот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена