Гостивар
Венеција тоне, целиот град е под вода
Со четири плими од над 140 сантиментри од понеделникот до денес, ова е најлошата седмица од 1872 година, од кога е започнато мерењето на плимата во Венеција.
Плоштадот Свети Марко денеска беше повторно поплаваен и затворен за јавноста бидејќи градот беше погоден од плима над 150 сантиметри, што е трето најголеми ниво некогаш забележано.
Поплавите во Венеција уништија безброј уметнички дела, а методите за зачувување на уникатно културно наследство се покажаа како неефикасни.
Градоначалникот Луиџи Бруњаро изјави дека штетите од поплавите во градот од вторникот до денес се околу една милијарда евра.
Изградена на повеќе мали острови, Венеција е особено ранлива на покаченото ниво на морето кое токму се случува деновиве како резултат на климатските промени и веќе потврденото пропаѓање на градот во калта.
Според службата за надгледување на плимата и осеката во градот, нивото на морето околу Венеција е 10 сантиметри повисоко отколку што било пред 50 години. Илјадници волонтери им помагаат на граѓаните во поплавениот град.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар