Македонија
Венко Филипче избран за претседател на СДСМ на внатрепартиски избори

Венко Филипче официјално е избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на вчерашните внатрепартиски избори, на кои беше единствениот кандидат. Претседателот на Централната изборна комисија, Бранко Георгиевски, соопшти дека од вкупно 23.712 запишани избирачи, гласале 18.140 членови на партијата, што претставува излезност од 76,5 проценти. Од нив, 18.001 гласале за Филипче, додека 139 ливчиња биле неважечки.
На прес-конференција по објавувањето на резултатите, Филипче изјави дека ова е заедничка победа на сите членови кои веруваат во вредностите на социјалдемократијата – правичност, напредок и еднаквост. Тој нагласи дека двојно поголемата поддршка во однос на претходниот изборен процес претставува потврда за довербата во досегашната работа и политиките на партијата.
Филипче истакна дека пред СДСМ претстои важен предизвик – подготовките за локалните избори. Потенцираше дека партијата ќе избере луѓе со кредибилитет кои можат да понудат реални и остварливи програми пред своите сограѓани.
Критики упати и кон политичките противници, особено кон градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги за слабо управување и корупциски скандали. Како негативен пример го посочи Скопје, каде, според него, градот не функционира поради, како што рече, „инает и бизнис интереси“.
Новото раководство на СДСМ, рече Филипче, ќе се фокусира и на борбата против актуелната влада составена од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, обвинувајќи ја за неспособност и неисполнети ветувања. Тој порача дека СДСМ е подготвен повторно да ја врати државата на патот кон европска интеграција и подобар живот за сите граѓани.
Внатрепартиските избори првично беа закажани за 16 март, но беа одложени поради трагедијата во Кочани. Филипче претходно беше избран за партиски лидер во јуни минатата година, по оставката на Димитар Ковачевски, кој се повлече по лошите резултати на парламентарните и претседателските избори.
Мандатот на Филипче ќе трае четири години.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос