Македонија
Весел Мемеди најави оставки на сите функционери на НДП
„Без ниедна консултација со министерот, премиерот директно ми се јави во последен момент да се пазариме со отстапување на Министерството на СДСМ. Мојот одговор беше краток, не влегувам во ников пазар со Министерството, за никоја цена. Ние не сме влегле во Влада за политички пазари, туку за поддршка на процесите и нивното заокружување. Не може да има пазар за министерско место, бидејќи оваа министерство секогаш го воделе Албанци министри, и јас немам мандат да правам пазар во име на Албанците и да го дадам ова министерство на коалициониот партнер на СДСМ. Како второ, немам никаково морално право, ниту едно друго право, да жртвувам една чесна и способна фигура како што е мојот министер Сухејл Фазлиу. Ако коалиционите партнери СДСМ и ДУИ посакуваат да и понатаму го продолжат нашиот заеднички пат кон заокружување на финалните цели, тогаш СДСМ треба да го повлече предлогот за разрешување на нашиот министер, а другиот коалиционен владин партнер ДУИ, да не го гласа разрешувањето на нашиот министер. За да ја докажеме оваа висока вредност, денес ќе ги поднесеме нашите неотповикливи оставки од сите директорски места, управни одбори, а кулминацијата на оваа возвишена вредност е повлекување од функцијата потпретседател на Собранието, како и предавање на пратеничкиот мандат во Собранието на Република Северна Македонија.“, изјави денес на прес конференција, претседателот на НДП, Весел Мемеди, како реакција на предлогот на премиерот Заев, за смена на министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник