Поврзи се со нас

Гостивар

Весели, разиграни дечиња на приредбата „Збогум градинке“ во Гостивар

Објавено

на

Дечињата од големите групи од гостиварските градинки денес се збогуваа со градинката, традиционално со завршна приредба. Насмеани, разиграни, полни со возбуда со игри и песни, под закрила на учителките, создадоа весела атмосфера пред своите родители и роднини, во летниот Амфитеатар покрај Вардар. Приредбата симболично се одржа на 1-ви јуни, датум кој се одбележува како Меѓународен ден на детето.

Оваа година од градинките кои се во склоп на Јавната установа „Детска радост“ во Гостивар излегуваат 235 деца, идни првачиња.

„Го избравме овој ден за нашата завршна традиционална приредба за дечињата од големите групи, кои ќе ги испратиме во основните училишта како идни првачиња. Збогум градинке ќе кажат 235 дечиња, на кои им посакувам многу успех во понатамошното образование“, рече Даниела Бошкоска, директорка на градинките додавајќи дека континуирано се работи на подобрување на условите во објектите и проширување на капацитетите.

„Во мојата програма како директор се зацртани цели и планови коишто ќе овозможат подобрување на условите за дечињата во градинките и условите за работа на вработените. Во склоп на Развојната програма на Општина Гостивар и Министерството за труд и социјална политика ќе овозможиме проширување на капацитетите, еден таков проект е веќе во тек, за нови четири занимални. Ќе правиме се‘ за да се намалат листите на чекање. Децата се нашата иднина и треба да вложуваме во нив.“, истакна Бошкоска.

Од приредбата преку своите изведби дечињата испратија исрекни пораки за среќно детство, за мир и радости во целиот свет како и за успеси во училишните клупи.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ

Гостиварпред 4 недели

Продавале девојче за 50 до 200 евра, меѓу уапсените има и од Гостивар

Вестипред 3 недели

Планинско велосипедска тура „МТБ Маврово 2023“ – Во тек е пријавување

Гостиварпред 4 недели

Тамара од Гостивар ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг!

Писмапред 2 недели

ПИСМА: Граѓани од Гостивар реагираат на небезбедно градилиште

Гостиварпред 2 недели

ПИСМА: Стотина родители инсистираат на целодневна настава во ОУ „Гоце Делчев“ Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар утре хит комедијата „Обвинителка“ со легендарната Лидија Вуќичевиќ

Гостиварпред 2 недели

30 дена притвор за гостиварецот пријавен за сексуално вознемирување на малолетната внука

Гостиварпред 4 недели

Група граѓани од Гостивар со поддршка за Реџеп Таип Ердоган

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена